АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Верни на традицијата, а и со желба да внесат среќа во животите на своите штитеници, мазник со паре се вртеше и во Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост. Среќа да му се пади парето имаше Јован Ристевски. Инаку во Порака обичајот да се врати мазник со паре за Василица се одржува пет години откако е отворен социјалниот клуб. Во него се одвиваат бројни активности со цел поддршка на различните таленти на членовите и нивна дружба.
Во пријатна и натпреварувачка атмосфера помина спортскиот натпревар во спортската сала на училиштето „Климент Охридски“ во Битола во кој заедно учествуваа лица со попречености и ученици од основните и средните училишта од Битола и Прилеп. Натпреварот беше во рамки на проектот „Можеме и сакаме да пееме“ што е дел од медиумската кампања „Попреченоста е само прашање на перцепција“, а во организација на Здружението на лица со интелектуална попреченост „Порака“ од Битола.
Битолчани денес имаа можност да купат Велигденска изработка по цена која самите ќе ја одредат од ракотворбите на членовите во Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ од Битола. Ракотворбите ги изработија членовите на „Порака“, а собраните средства ќе се искористат за развој на Центарот.