2win800x200

По повод 8 Март, Меѓународниот ден на жената, дел од членовите на Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ од Битола, ја посетија градоначалничката Наташа Петровска. Тие донесоа рачно изработени предмети од нивните членови и со голема радост и ги подарија на градоначалничката. Таа им се заблагодари и ја изрази својата поддршка која и натаму ќе ја дава Општина Битола за овие лица.

Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост е доста активен и нивните членови досега имаат организирано неколку изложби на своите изработки. Просториите на „Порака“ кај Дрвен Пазар се збиралиште на лица со интелектуална попреченост и други хумани битолчани кои заедно организираат бројни манифестации на кои до израз доаѓа таленот на оваа категорија граѓани.

Маршираме во спомен на депортираните еврејски семејства од Битола, жртви на холокаустот. Ќе испратиме порака за мир, заедништво и соживот, рече пратеникот на СДСМ во Собранието на Р. Македонија, Александар Кирацовски, денеска  во Битола.

-Преку овој Марш симболично ќе ја претставиме патеката низ која чекореле 793 семејства кои беа депортирани од Битола.Овој трагичен настан испраќа порака до светот како истиот може да биде суров и  ранлив доколку навреме не се спротивставиме на злото. Овој настан да остане во историјата и да не се повтори,  рече Кирацовски.

-Култура не е нешто што треба да се стави меѓу некролозите и малите огласи, културата е она што човекот го прави човек, заедницата ја прави да биде заедница и конечно културата е она што човештвото го прави човештво.

Страница 3 од 3

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани