2win800x200

67 годишна битолчанка вечерва го загуби животот од удар на автомобил  кај населбата Боримечка во Битола.

Сообраќајната незгода се случила  во 19,30 часот, кога   патничко моторно возило „Мерцедес“ со грчки регистарски ознаки управуван од грчки државјанин удри во пешак на улицата „Македонски Гемиџии“ кај населбата Боримечка во Битола.

Смртта ја констатирала екипа на Брзата помош, а на лице место излезе јавен обвинител и увидна екипа од битолската полиција.

Десет ученици од демирхисарското основно училиште „Гоце Делчев“ се здобиле со полесни телесни повреди утрово во сообраќајна несреќа што се случила на патот Демир Хисар-Кичево помеѓу автобус во кој се превезувале демирхисарските ученици и комбе.

35 годишниот Т.С. од битолското село Граешница го загуби животот во сообраќајната несреќа што попладнево во 17,20 часот, се случи на магистралниот пат Битола-Прилеп во близина на Топлчани, при судир на две возила марка „Голф 4“ со битолски регистерски таблички и „Голф “5 со прилепски регистерски таблички, потврди  за Апла.мк, портпаролот  на битолската полиција, Лефтерија Миленковска.

Загина 19 –годишниот битолчанец Ѓорѓи Т., а неколкумина други се повредени во тешка сообраќајна несреќа  што утрово околу 8 часот се случила меѓу три патнички и едно товарно возило на патот Битола-Прилеп кај Петилеп, потврдија зa Апла.мк од битолската полиција.

Во сообраќајната несреќа учествувале три моторни патнички возила и едно товарно возило. Но, засега нема податоци како дошло до сударот. Тоа биле „рено твинго“ и „шкода“ со битолски регистарски таблички, мерцедес со скопски и камион „ман“ со велешки регистарски таблички. По сообраќајката возилото „мерцедес“ било изгорено. 

Увид на местото на несреќата изврши јавен обвинител и екипа од СВР..    

Страница 8 од 8

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани