2win800x200

Четири лица го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи попладнево околу 17 часот на патот Ресен-Охрид кај село Крушје, дознава Апла.мк

Татко и син од Ресен се приведени синоќа откако нападнале неколку полициски службеници кои вршеле увид во сообраќајка во која учествувал синот.

Едно лице е повредено во сообраќајната незгода што попладнево се случи во близина на кукуречанската клучка. При судир на камион, сопственост на "Македонија пат"  и автомобил марка "форд ескорд", со повреди се здобил возачот на автомобилот, а неговиот сопатник и возачот на камионот минале без повреди, информираат од СВР Битола.

63 годишниот возач е префрлен во битолската болница.

По извршениот увид, сообраќајот на патот кој беше затворен, сега е нормализиран.

IMG a67294481850827f2062ad3a9ebc786f V

 

 

Двете битолчанки М.И.(64) и А.И. (31) биле повредени во тешка сообраќајна несреќа што утрово се случила на магистралниот пат Градско-Прилеп во близина на мотелот Дреново. Во сообраќајката животот го изгубил 35-годишниот К.Л. од Скопје кој управувал со возилото „мерцедес“ во кое се возеле и двете битолчанки.

Во сообраќајна незгода кај туланата на стариот пат Могила – Тополчани, вчера во 20.35 часот автомобил „ауди“ со битолски регистарски таблички управуван од Р.Г.(40) од Битола излетал од патот, при што возачот го загубил животот.

Увид извршиле јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Битола, по што по наредба на обвинителот, телото на починатиот е дадено на обдукција.

За учесниците во сообраќајот, Битола е најризичен град во земјава изминатиот период , открива статистиката на Републичкиот совет за безбедност во патниот сообраќај. На подрачјето на СВР Битола, годинава животот го загубиле 27 лица. На второ место според бројот на загинати е Скопје со 24 жртви, по што следуваат Штип со 22-ца починати и Струмица со 16.

Во анализата се потенцира дека главна причина за несреќите е возење со брзина поголема од пропишаната.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани