2win800x200

Министерството за образование и ги одзеде ингеренциите на Општина Битола за едно училиште ,а ќе бидат одземени и во други, каде не е извршена трансформација на работниот однос на наставници кои ги исполнуваат условите, соопшти министерот Јетон Шаќири. Додаде дека станува збор за над 10 просветни работници кои се отпуштени дома, наместо да бидат вработени на неопределно време. Апалираше Општина Битола да го почитува Законот за основно и средно образование и да ја спроведе трансформацијата

Во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ во Битола, денес се спроведуваше тестирање во рамките на меѓународната студија за проверка на оспособеноста на учениците меѓу 9 и 10 години (за ученици од IV одделение) за читање со разбирање, ПИРЛС (Progress in International Reading Literacy Study). Во тестирањето се вклучени 5 основни училишта од Општина Битола од вкупно 150 основни училишта од РСМ со над 3400 ученици, а се тестираат цели паралелки од четврто одделение избрани по случаен избор. Процесот на тестирање се спроведува со под мониторинг на Меѓународната организација за вреднување на образовните постигања (IEA).

„Ова тестирање е многу значајно, затоа што го одредува постигнувањето на квалитетот на знаење кај учениците. Преку овие анализи, се овозможува добивање на слика, кои чекори понатаму треба да се спроведуваат во образованието, во наставните програми, во начинот на организирање на наставниот процес, особено во циклуси кои што затвораат одредено ниво на образование, поточно во премин од основно кон средно, од средно кон високо образование итн. Само со ваков сериозен пристап на анализи и аргументи, може да се види до каде е нашиот образовен систем, каде треба да се движиме и на кој начин треба да одиме кон постигнување на повисоки нивоа на резултати кај учениците“, рече градоначалничката Наташа Петровска.ki

Надлежна институција за спроведување на оваа активност е Државнот испитен центар, која спроведе неколку активности пред одржувањето на тестирањата.

„Организиравме вебинар за карактеристиките на ПИРЛС, изработена е збирка задачи со текстови кои се користеле во претходните циклуси, беа организирани обуки за одде­ленските наставници кои предаваат во IV одд. за обработка на текстовите од збирката задачи и обуки за директорите и училишните координатори за организација на тестирањето, спроведовме пробно тестирање за читање со разбирање во 150 основни училишта.Главна цел на пробното тестирање беше учениците да се запознаат со ваков вид тестирања, да се проверат можностите за организација на тестирање во услови на пандемија и да ги проверат ефектите од обуките за обработка на текстови од типот на оние кои се користат во ПИРЛС“, истакна ВД директорката на Државен испитен центар Елизабета Наумовска.            

Студијата обезбедува меѓународни компаративни податоци за тоа колку добро децата на околу 10-годишна возраст читаат со разбирање, како една од најважните способности што се стекнуваат во почетните години од образованието, а обезбедува основа за пона­тамошно учење и напредок во сите сфери на животот. Нашата држава до сега учествуваше во два циклуси на ПИРЛС (во 2001 г. и во 2006 г.).ki2

После 8 години, одблокирани се сметките на осум основни и две средни училишта во Битола. Досега се исплатени 2,6 милиони евра долгови за потрошена струја, нафта, побарувањата на дел од превозниците, долговите кои со години се трупаа кон јавните претпријатија. Ваквата сосотојба го отежнуваше нормалното функционирање на училиштата, а долгот кој го наследи оваа локална самоуправа изнесуваше 4,3 милиони евра. 

Советот на Општина Битола денеска ги усвои одлуките за подмирување на дел од долговите на училиштата со парите кои Владата ги пренамени за општините. Од вкупниот долг од 5 милиони евра кој го пријави битолската локална самоуправа до Министерството за финансии, кој училиштата го должат по различни основи, одобрени се 2,5 милиони евра. Овие средства веќе се на општинската сметка, а наскоро ќе почне трансферот на пари кон добавувачите кој го пријавиле својот долг.

Зелено знаме добија основните  училишта од Битола, „Гоце Делчев“, „Коле Канински“, „Тодор Ангелевски“,„Св. Климент Охридски“ , Ѓорѓи Сугарев“ , додека ОУ„Даме Груев“-се здоби со статус бронзено ниво. Овие училишта учествуваа на објавениот Конкурс за наградување на градинки, основни и средни учлилишта вклучени во првата, втората и третата година од имплементацијата на програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“. Училиштата и градинките од државата кои ги задоволуваа предвидените критериуми и услови, се наградуваат со соодветниот статус за кој аплицирале на овогодинешниот конкурс.  

-Зелено знаме за ОУ„Гоце Делчев“-Битола. Честитки и благодарност до сите учесници во реализацијата на активностите од програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“, вели  директорката на ОУ „Гоце Делчев“-Битола, Билјана Стојковска.

Директорката на ОУ „Тодор Ангелевски“, Љубица Стерјева“,смета дека „највисоката еко награда ја добиваме потврдено, ние сме вистински екологисти, честитки за координативниот училишен еко тим“.

Официјалното доделување на зелените знамиња и сертификатите за соодветниот статус традиционално ќе биде реализирано на седмиот по ред Еко-самит,за што дополнително ќе биде одреден терминот.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани