2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Владата префрли 2,5 милиони евра на Општина Битола за исплата на долговите на училиштата

Мај 22, 2019

Советот на Општина Битола денеска ги усвои одлуките за подмирување на дел од долговите на училиштата со парите кои Владата ги пренамени за општините. Од вкупниот долг од 5 милиони евра кој го пријави битолската локална самоуправа до Министерството за финансии, кој училиштата го должат по различни основи, одобрени се 2,5 милиони евра. Овие средства веќе се на општинската сметка, а наскоро ќе почне трансферот на пари кон добавувачите кој го пријавиле својот долг.

-Според законот кој беше донесен, Министерството за образование прифати да и даде на Општина Битола 51 посто од вкупната сума, односни Владата префрли 2, 5 милиони евра. Тие пари се на сметката на Општина Битола и од понеделник ќе бидат испратени до училиштата. Со овој процес започнуваме да ги одблокираме училиштата и тој процес нема да биде брз, за 5 или 10 дена, но за еден месец или два, одредени уччилиштат ќе можат нормално да работат. Во иднина училиштата нема да имаат можност за задолжување, рече претседателот на Советот на Општина Битола, Валентин Груевски.

Додаде дека исклучително значајно е што овие пари ќе влезат во битолската економија, а и јавните претпријатија ќе си ги наплатат долговите од училиштата кои се таложеле со години.

- ЈП „Водовод“ од овој процес ќе инкасира 11 милиони денари,„ Никсоградба“ ќе наплати 4 милиони денари , а „Комуналец“, 10 милиони денари. Ќе се платат сметките за струјата што ги имаат училиштата како обврска, ќе се подмири нафтата, а и дел од превозот, бидејќи дел од превозниците не се јавиле да ги пријават своите побарувања. Оние што се јавиле ќе ги добијат потребните средства. Најважно е дека започнува еден процес на одблокирање на сметките на училиштата и во првиот месец 1 милион евра ќе влеат во еконосмките текови во градот. Ова, според мене, се најзначијните одлуки што како совет ги имаме донесено во оваа 1,5 година, рече Груевски.

Советниците од владеачкото мнозинство од говорницата се осврнаа на наследените проблеми во образованието и напорите што се прават за надминување на лошата финансиска состојба на училиштата.

-Главната цел што си ја поставија диркеторите и градоначланичката, а ние како советници во целост ги подджавме во нивната намера, беше финансиската стабилизација на училиштата. Во таа насока со помош на Владаат успеавме да ги намалиме долговите и да се одблокираат сметките на училиштата. Бројките во завршните сметки тоа го потврдуваат. Средствата се користата наменски и рационално. Негрижата за образовните институции во изминатите години под мотото „Знаењето е сила, знаењето е моќ“ е повеќе од евидентна. ВМРО-ДПМНЕ ги остави образовние институции во долгови, а за првпат по многу години, сега училиштата се осовременуваат со дидактички материјали и наставни помагала за да се се подобрат условите во образованието, а негрижата да биде чекор по чекор санирана, рече Жаклина Наумовска, советник од СДСМ.

Таа како пример на недомаќинско работење во училиштата го посочи СОУ „Таки Даскало“ кое од оваа локлна власт беше преземено со огромен долг

-Пред 12 години на сметката на СОУ „Таки Даскало“ имаше 93 илјади евра и 25 илјади евра од проектот за модернизација на образованието. Пред една и пол година истото училиште беше со долг од 15 милиони денари кон доверители и плус обврските кон  општината. Како може за само една година училиштетот да се одблокира, а тоа не можеше да се направи пред 7 години, рече Наумовска

Сега ќе се одблокираат сметките на повеќе од половина училишта во Битола, а остантите кои се уште имаат блокирани сметки не продуцираат нови долгови, посочи владеачкото мнозинство.

-Ваков линч на образованието немало ни во турско, ни во каурско,  ниту пак некогаш постоело откако памети македонскиот народ. Училиштата биле блокирани  во 2011 година,  но, сметки не плаќале од 2008 година. Како тоа сите училишта во исто време во 2008 година одлучиле да не плаќаат сметки? Тоа сигурно била партиска одлука и одлучиле да не плаќаат обврски кон јавните претпријатија. Таквото заедничко делување, нема друг збор освен организиран криминал. Тие средства што не ги плаќале не биле вложувани ниту во училиштата, па се поставува прашањето што правеле со тие пари? Можни се само две места каде завршувале овие средства - или во нивните џебови или по трансверзала  во партијата и најгоре до бегалецот во Будимпешта. Жалосно е што денес се радуваме што општините и Владата најдоа начин да ги одблокираат училиштата, наместо да се радуваме дека сме во чекор со образованието во земјите во ЕУ, рече Борче Корлевски, советник на СДСМ.

Советниците ги посочија сите проекти за санација во училиштата и градинките, реализирани со донации, со сопствени средства или со поддршка на Општината и Владата.

- Овој долг од 5 милиони денари во училиштата е една од тие темпирани бомби оставени од претходната власт со која ќе се занимаваме во наредниот период, а ги има во многу сфери. Опозицијата тоа го нарекува алиби политика, но не е така, оти имавме власт која траше 10 години на државно ниво и власт со три мандати на локалано ниво. Штетите се триплирани, па затоа излегувањто од тие дубиози ќе трае подолго, рече Јани Налбанти, советник од ЛДП.

Од опозициската ВМРО-ДПМЕН ја поздравија поддршката од Владата, но изразија сомнеж во методологијата за распределеба на средствта.

- Треба да имате доблест да признаете дека дел од овие долгови се направени во време на вашето владеење како централна власт. Нормално ќе ги поздравиме овие средства се добредојдени за општината, но со оваа методологија повторно голем дел од училиштата ќе останат блокирани. Треба да се запрашаме зошто голем дел од превозниците не се пријавија на тој повик. Односно с епријавија само два превозници, односно се остава сомнеж за методологијата по која ќе се исплаќаат тие средства, рече Горан Степановски, советник од ВМРО-ДПМНЕ, која беше единсвената дискусија од страна на најголемата опозициска партија при усвојувањето на овие одлуки и завршните сметки на училиштата.

Советниците со мнозинство гласови ги  изгласаа завршните сметки на училиштата.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани