2win800x200

Директно

Двата ски центри на Пелистер, Стрежево и Копанки соопштија дека  денеска, на задоволство на љубителите на белиот спорт, ги подготвија стазите за скијање. Снег има доволно и направени се последните подготовки.

-Во недела  (21.01.2024), Ски Центарот Копанки, ќе биде пуштен во функција.Сите љубители на скијањето, Ве очекуваме!Се гледаме на ски стазата, соопштија од Хотел Молика.

 

 И од ски центарот Стрежево кај Ниже поле информираат дека се е подготвено за скијање.
 
-Се прават последните подготовки пред стартот. Ноќеска имаме и нов снег, спремни за старт. Ќе се скија од 09.00 до 15.00 часот. Патот е чист благодарение на ,,Македонија пат" и нашата механизација.Ве очекуваме да скијаме, соопштија од ски центарот Стрежево

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по  влажни коловози. Врнежи од снег имаме на целата територија од државата.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани