Казнети 47 пешаци

Февруари 24, 2022

47 пешаци се казнети денеска   во периодот од 11.00 до 16.00 часот во  засилена акциска контрола спроведена на територијата на СВР Битола 

 38  се казнети за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, шест за минување на црвено светло и три други за непотребно задржување на коловозот. 

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување направилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници, апелираат од СВР Битола 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани