АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во текот на месец септември Битолската шумска полиција со полни раце работа.
Спроведени се неколку одделни акции против дрвокрадството при што се одземени три шпедитери, 20 метри кубни нелегални огревни дрва и поднесени се над 15 пријави против сторителите.
Поради енормно зголемената цена, како и поради недостаток на огревните дрва дрвокрадството зема се поголем замав.
Од Шумската полиција најавуваат засилени контроли против дрвокрадците.