АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Детските реквизити и клупите поставени на улицата „Смилевски конгрес“ во населбата Довлеџик, се уништени од дивеењето на хулигани, а околните жители бараат надлежните да ги откријат сторителите и да ги казнат.
Радоста на децата од овој дел на градот траеше само неколку месеци, кога беа поставени детските играчки.
Оваа појава на дивеење на хулиганите често се случува на повеќе локации низ градот, најчесто во ноќните часови, кога се уништува урбаната опрема и детските реквизити.
Битолчани во повеќе наврати бараат да бидат поставени камери за да можат да се откријат сторителите на вакви и други девијантни појави.