23 возачи извршиле непрописно престигнување на територија на СВР Битола

Октомври 02, 2022

Во текот на денешниот ден (02.10.2022)во периодот од 14.00 до 19.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои вршат непрописно престигнување. При контролата констатирани и законски санкционирани се 23 возачи. За време на контролата биле санкционирани и останати 18 прекршоци.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила, велат од СВР Битола

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани