АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Синоќа во 22.30 часот во СВР Битола е пријавено дека во изнајмен објект на ул.Елпида Караманди во Битола каде се одржувала прослава биле присутни малолетни лица кои конзумирале алкохол. Полициски службеници од Оделението за криминалистичка полиција, Отсекот за општ криминал при СВР Битола и Полициската станица Битола излегле на местото на настанот и констатирале присуство на малолетни лица и дека постои основано осмнение за сторено кривично дело „Точење алкохолни пијалаци на дете“ казниво по чл. 204 ст.1 од Кривичниот законик.