Несовесноста на битолчани отиде дотаму што почнаа своите автомибили да ги нудат на продажба на пешачките премини.
Автомобил "опел" извесен период е паркиран на тротоарот веднаш до пешачкиот премин на улицата „Партизанска“ од зградата „Аурум „ кон маркетот "Шик" кај "Симпо".
Несовесниот сопственик ги извадил регистерските таблички и поставил неколку натписи во автомобилот дека се продава ,а оставил и телефонски број.
Минувачите се чудат на „досетливоста“ на својот сограѓани што надвор од сите правила и прописи, го паркирал возилото и што воопшто помислил дека на пешачки премин автомобилот побрзо ќе го продаде.
Вработените од околните дуќани, пак се жалат дека не можат да направат дотур на стока, бидејќи пешачкиот е окупиран и тешко се влегува до пристапите на продавниците.
Во исто време сообраќајната полиција иако често ги контролира возилата на „Партизанска“ само на десеттина метри подолу од пешачкиот премин засега не интервенирала за непрописно паркираното возило. И не само за возилото кое е на продажба, туку и за сите оние кои секојдневно ги паркираат своите автомобили токму на тротоарот пред пешакиот премин .