АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
По обилните врнежи од дожд деновиве, засолништето на семејството пајки кое од летоска живее во Драгорот, се најде под надојдените води на реката.
Проектот е на Иницијативниот одбор за оплеменување на автохтоната пловна фауна на реката, кој ги пушти пајките во Драгор во јули годинава, по што беше поставено и засолниште до ѕидот на коритото, на дел кој беше на суво. Сега, пајките останаа без нивното живеалиште, кое е поплавено, а се гледа само стреата.
Оваа идеа се реализираше и покрај големото загадување на водата во реката, затоа што во неа се слева дел од канализацијата, а истот така, речното корито со години е неисчистено, па многумина се прашуваа како и колку пајките ќе преживеат во ваква средина, а и дали ќе ги издржат поларните температури во зима, кога често се случува реката Драгор да замрзне.