АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во ѓубралници прераснаа дел од киосците на автобуските постојки што ги направи претходната локална власт во Битола.
Тие никогаш не преработија како киосци зашто приватници кои инвестирале во такви бизниси веќе си имаат поставено свои киосци. Но, затоа пак им послужија на несовесни граѓани во нив да го фрлаат сметот како да се корпи за отпадоци.
Според тогашните најави, во Битола требаше да се постават 68 нови автобуски постојки, дел со киосци и уште 50 репарирани постојки во руралните места. За новите и репарирани постројки претходната власт потроши 9,5 милиони денари.