2win800x200

Талески ќе одговара до крај, ако веќе не се бави со политика, порача Заев од Битола

Декември 07, 2019

Секој во оваа земја што направил криминал ќе си одговара, порача премиерот  Заев на денешната трибина во Битола. Тој како што рече ги повикува институциите истрагата да оди до крај , без оглед  за кој се однесува, а во истовреме ќе се врши проветрување и во судството и во обвинителството, зошто мора да се среди правната држава.  

-Мора да ги средиме институциите во државата, да ставиме ред и во судството и во обвинителството, тоа е рак рака. Го слушам Мицковски овие денови вели –сите што биле амнестирани не требало да се бават со политика. Ами одговорноста бе брат, каде е ? Ќе заборавиме, нема да одговараат? Не, не, ќе одговараат сите до еден. Најважно е да одговраат , секој кој се огрешил пред законот ќе одговара за да не му падне на памет  во иднана да прави вакви криминални дејствија  кои се случуваа 11 и пол години во нашата  држава.

 

Еве го и вашиот Талески што беше градоначалник  и Гордана Јанкуловска и Сашо Мијалков, Груевски не се бават веќе со политика. Не , ќе одговаат до крај. Одговорност мора да има во оваа држава, а после ќе се договараме кој треба да учествува во политика , а кој не. Тој што се огрешил по закон и да сака нема да се бави со политика, затоа што народот ќе му даде компир, нула гласови, порача Заев од Битола.   

А.Б

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани