АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Воздухот во Битола беше екстремно загаден со ПМ10 честички вчера во вечерните часови и утрово според мерења објавени на интернет страницата на Министерството за животна средина.
Така, мерната станица Битола 2 која се наоѓа во центарот на Битола во близина на јавното претпријатие „Стрежево“ синоќа околу 23 часот регистрирала голема загаденост со ПМ 10 честички од 387 микро грами на метар кубен.
Мерната станица Битола 1 лоцирана на влезот од градот од страната на Новаци синоќа околу 20 часот измерила присуство на ситна прашина од 395 микро грами на метар кубен. Концентрациите паднале околу полноќ, за потоа во два часот пак да се искачат на 354 микро грами на метар кубен. Во осум часот утрово концентрациите исто така беа високи и изнесуваа 133 микрограми на метар кубен .
Инаку дневните концентрации на ПМ 10 частички во воздухот вчера беа три пати поголеми од дозволеното. Мерната станица Битола 2 покажа присуство на 171 микрограм на метар кубен, дозволената граница е до 50.