АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Два дена со ред висока загаденост на воздухот во Битола со ПМ 10 честички измериле мерните станици во центарот и периферијата на градот. Највисоки вредности биле регистрирани во текот на вчерашниот ден кога во централното градско подрачје загаденоста била повеќе од пет пати над дозволените среднодневни количини.
Според податоците од мерните станици што денес до медиумите преку соопштение ги испрати Општина Битола , завчера на 16 јануари, мерната станица во центарот на градот измерила присуство на суспендирана прашина од 175,915 микрограми на метар кубен, а дозволени се до 50 што значи пречекорување за три и пол пати.
Вчера на 17 јануари, истата мерна станица покажала вредности од 266, 926 микро грами на метар кубен што е пет и повеќе пати над дозволените гранични вредности. На периферијата од градот загадувањето со ПМ 10 честички во изминатите два дена било за два до три пати над дозволеното.
Бидејќи надминувањата се во континуитет два дена, Оштина Битола денес апелираше до граѓаните да ги следат препораките од Министерството за животна средина:
Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје ги дава следните препораки:
И денес мерните станици покажуваат многу високо загадување со ПМ 10 и 2,5 честички на воздухот во Битола. Во 11 часот во центарот на Битола беа измерени 282 микрограми на метар кубен суспендирани честички. Но, не само Битола се соочува со ваков поблем. Дозволениот праг на ПМ 10 честички денес е надминат и на други места, и тоа на две мерни места во Скопје (Бутел и Ректорат), како и на мерните места во Кичево, Струмица, Тетово и Кавадарци.