АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сообраќајните патокази поставени на излезите од Битола кои насочуваат кон грчка граница и главниот град на соседна Грција, Атина се исчкртани со спреј. Ваква е состојбата на патоказите на влезот на Битола од страната на Охрид како и на излезот на градот на патниот правец кој води кон македонско грчката граница и граничниот премин Меџитлија. Состојбата е ваква подолго време, а надлежните се уште не се сетиле да ги избришат или сменат исчкртаните патокази. Возачи коментираат дека ако во ваква состојба македонските возачи ги затекнат потоказите во Грција , тоа ќе биде главна вест во нашите медиуми.