АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Три лица кај кои била пронајдена дрога биле уапсени вчера во Скопје и Битола.
На 23.04.2020 во 11:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Лондонска“, го лишиле од слобода М.М.(24) од с.Сарај, скопско, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.
Во меѓувреме околу 16:50 часот во близина на бензинска пумпа во Битола од полициски службеници од СВР Битола, по претходна наредба од Основен суд Битола, ги лишиле од слобода А.Н.(39) од с.Дихово, битолско, и А.И.(20) од Куманово, бидејќи при преглед над возило и на пријавените, била пронајдена марихуана.
Истиот ден во 17:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на бул.„Илинден“, го лишиле од слобода Г.С.(33) од Скопје, затоа што при извршен преглед и кај него била пронајдена марихуана.
По документирање на случаите ќе бидат преземени соодветни мерки и ќе биде поднесен соодветен поднесок.