АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
61 годишен Холанѓанец е приведен во Битола поради силување на неговото малолетно дете. Тој бил оженет за битолчанка, а брачниот пар живеел во Битола.
Неговата сопруга, во вторникот во полиција пријавила дека на 07 април, нејзиниот сопруг Н.С.(61) од Холандија, со привремен престој во Битола извршил обљуба врз нивното малолетно дете.
По насоки на јавниот обвинител пријавениот е лишен од слобода од полициски службеници од СВР Битола.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава