2win800x200

Концертот за поддршка на Лука заврши крваво, пејачот Пеце најавува тужба за соседот

Мај 11, 2020

Пеце Петровски, солист од Битола вчера добил расекотина на левата рака под рамото од станар на соседната зграда на улицата „Филип Втори“. До инцидентот дошло кога Пеце при изведба на концерт во живо, за време на полициски час од својот дом најавен неколку дена на фејсбук бил нападнат од соседот. Инцидентот се случил во саботата околу 1 часот по полноќ.

-Концертот беше од хуман аспект, најавен и посветен на  малиот Лука, кој се соочува аутизам, за кого јавноста е запозната со цел да го поддржам неговото семејство во битката што ја водат. Знаете дека имаат проблем со соседи кои им прават притисоци на семејството заради тоа што не го поднесуваат детето. Целта ми беше да ја подигнам свесноста и кај надлежните органи кои се глуви да помогнат во овој случај кај семејството на Лука кое поради овие проблеми се исели од станот привремено. Но мојот сосед ако може да речам така кога ме слушна дојде под мојот прозорец и започна да удира со камења и да вика по мене со крајно навредливи зборови. Копиле едно излези надвор. Се исклучив од концертот во живо и излегов мислејќи дека ќе ја смирам ситуација на мирен начин, вели Пеце за Апла.мк.  

рак

Но навредите продолжиле кон Пеце иако тој на смирен начин се обидел да се разбере со соседот. Наместо да се надмине ситуација соседот зарил ноќ во неговата рака.

-Смирено како возрасни луѓе се обидов да разговарам, но добив неочекувана реакција од родител на две мали деца, соседот извади ноќ и ме прободи во раката. Во тој момент мајка ми застана меѓу нас на средина, како и секој родител што би постапил. Но соседот замавна со ножот, беше спречен од мој колега кој што го обори и спречи поголем инцидент. Соседот стана од земјата и замина со зборовите-Имаш среќа што не слегов долу со сатарот. Сето ова се случуваше пред 5 сведоци, мои колеги со кои музициравме во текот на вечерта, раскажува Пеце.

Настанот  е пријавен во полиција која излезе на самото место, а Пеце завршил на Болница со посекотина од 4 до 5 сантиметри.

-Од Ортопедија завршив и на Психијатрија бидејќи бев видно вознемирен од инцидентот. Сите од Болница дадовме изјави во полиција. Случајот ќе се води и по службена должност и јас ќе тужам приватно, вели Пеце, додавајќи дека музиката била во ограничени децибели заради квалитет на самиот звук и заради почитување и непрекршување на јавниот ред и мир.

-Јас мојот случај ќе го решам на суд , но сепак сакам проблемот со семејството на Лука да се реши институционално што поскоро и тоа дете да има што посреќно и безгрижно детство, порачува Пеце.

Во полицискиот извештај стои дека на 10.05.2020, П.П. од Битола пријави дека на улица „Свети Наум“ во Битола, поради недоразбирања околу гласна музика, бил повреден со остар предмет во пределот на левото рамо од страна на едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани