АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Со видливи повреди по целото тело, но со знаци за живот најден е исчезнатиот битолчанец кој семејството го бараше два дена. Лицето е пронајдено во провалија на Тумбе Кафе и сега е пренесен во Битолската клиничка болница.
-Лицето кое се водеше како исчезнато од 13.05.2020 г., е пронајдено од страна на Тимот за спасување од планина на Дирекцијата за заштита и спасување во соработка со припадниците на МВР-СВР Битола. Дирекцијата за заштита и спасување известува дека лицето е пронајдено паднато во провалија на местото Тумбе Кафе. Лицето е пронајдено со видни повреди по целото тело и покажува знаци на живот и со возило на Итната медицинска помош е пренесено во Битолската болница.