АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Синоќа починал битолчанецот Владимир Поповски (85) кој минатата недела се водеше за исчезнат и беше најден под Тумбе Кафе. Старецот исчезна на 13 мај, а по два дена на 15 мај беше најден со тешки телесни повреди паднат меѓу дрвја на Тумбе Кафе и веднаш хоспитализиран во Битолската болница. После нецели четири дена битолчанецот им подлегна на повредите. Дирекцијата за заштита и спасување од Битола која учествуваше во потрагата извести дека лицето е пронајдено паднато во провалија со видливи повреди по целото тело , но дека покажувало знаци на живот и со возило на Итната медицинска помош итно беше пренесено во Битолската болница.