АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Мала црна скорпија начекал битолчанец во визбата од неговата куќа, која се наоѓа покрај реката Драгар, во близина на Гимназијата. Фотографијата ексклузивно ја отстапи на Апла.мк. Зачудувачки е како скорпијата или акрепот се нашла во подрумот од куќата, ако се знае дека овие осумножни животинки со отровна боцка на опашката живеат во тропските и суптропските предели. За среќа семејството брзо ја препозна опасната „гостинка“ .