2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

КУПИШТА ПЕЛЕНИ ИСФРЛЕНИ БЛИЗУ СТРЕЖЕВСКОТО ЕЗЕРО

Јануари 04, 2018

Спортски риболовци од Битола реагираат дека во близина на акумулацијата „Стрежево“, од каде градот се снабдува во вода, е фрлен отпад со купишта искористени пелени од возрасни лица, јавува порталот сдк.мк. 

 

Од акумулацијата се користи и вода за наводнување на нивите во Пелагониско. Рибарите фотографиите ги објавија и на социјалните мрежи. На нив се гледаат дел од пелените расфрлени, а дел собрани со кеси од битолски меркети и други со грчки натписи.

„Само несовесни луѓе можат да го направат ова. Депонија од медицински отпад, поточно од користени памперси, на брегот на акумулацијата ‘Стрежево’ од десната страна кај село Лера, после мостот на реката Шемница. Ова е дно на човечкиот ум. Вода пиеме од тука. Ова е ужас“, коментираат загрижено спортските риболовци.

Директорот на јавното претпријатие „Стрежево“ Менде Граматковски за сдк.мк изјави дека се информирани за дивата депонија и нивни екипи веќе се на терен и ја расчистуваат.

„Не се работи за медицински отпад, по наши претпоставки се работи за куќен отпад на семејство кое има постар болен човек и тука го фрлиле отпадот. Веднаш штом дознавме интервениравме. Иако сметот е исфрлен подалеку од акумулацијата, мора да ја заштитиме околината. Граѓаните да бидат безгрижни, зашто ова ќе се исчисти и нема да ја загади водата. Водиме максимална грижа и за водата и за живиот свет во неа“, вели Граматковски.

Од вештачката акумулација „Стрежево“ битолски „Водовод“ користи вода преку лето кога потрошувачката на вода се зголемува, а се намалува капацитетот на водоснабдување од други зафати. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани