2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Притворен скопјанец осомничен за убиство во Долно Дупени откако полицијата пронашла човечки труп во распаѓање

Август 04, 2020

Скопјанец е осмничен за убиство што го извршил во јуни годинава во околината на село Долно Дупени во Преспа, по што му е определена мерка притвор. 

 „На   27 и 28  јули  пронајдени се  череп и остатоци од човечки труп во распаѓање во околината на  Долно Дупени, по што остатоците по наредба на Обвинител од ОЈО Битола се предадени во Одделението за судска медицина при ЈЗУ Клиничка болница Битола, каде беше извршена обдукција, при што се утврди дека смртта била насилна со испукување проектил од огнострелно оружје во пределот на  задниот дел на главата.  Извршена е и  идентификација на жртвата,  и се утврди дека се работи за лицето М.А.  (53) од околината на Скопје.По  низа истражни дејствија поради постоење на  сомнение  за  сторено кривично дело  "убиство" утврдено е дека   делото е сторено на ден 30 јуни,  а како  сторител на делото  е осомничено лице од Скопје.  Врз основа на резултатите од истрагата, од страна на ОЈО Битола  поднесен е предлог за определување  мерка притвор  за осомниченото лице, а од страна на судија на предходна постапка при Основен суд Битола  за осомниченото лице е определена мерката  притвор“, информираат од СВР Битола

И покрај определениот притвор,   се преземаат дејствија  за  целосно расветлување на настанот.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани