АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битолчанка која се занимавала со лихвраство на своја сограѓанка за заем од 1100 евра и барала да врати камата од 7000 евра.
На 12.08.2020 година во 19:00 часот во СВР Битола од страна на Н.Т. е поднесена кривична пријава против М.И.Д од Битола за сторено кривично дело „лихварство“, согласно член 260 од Кривичниот законик. Имено, пријавителката за заем од 70.000 денари земен во септември 2019 досега има вратено само на име „камата“ износ од 240.000 денари, меѓутоа пријавената барала износ од дополнителни 186.600 денари, заедно со главнината. За настанот е известен Јавен обвинител. СВР Битола работи на расчистување на случајот.