АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Возач од Битола удрил во пешак на улица во Струга. Повредниот пешак бил од Стумичко, Куклеш.
На 13.08.2020 во 10.10 часот на ул.„Прва македонска ударна бригада“ во Струга, товарно возило „пежо“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Т.(41) од Битола, удрило во пешакот М.Ј.(63), од струмичкото село Куклиш. Во незгодата, М.Ј. се здобила со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде што била пренесена за укажување лекарска помош. Увид бил извршен.