Webp.net gifmaker

240 тони пченица украдени од ЗК Пелагонија, штетата е 50 илјади евра

Август 15, 2020
фото интернет фото интернет

 

На 13.08.2020 во 14.00 часот во СВР Битола, Д.К.(48) од Битола пријавил дека во периодот од 25.07.2020 до 13.08.2020, од парцели сопственост на ЗК Пелагонија, во атарот на работна единица „Југ“, која ги опфаќа селата Кременица, Меџитлија, Породин, Лажец, Велушина, Гермијан и Бач, непознати лица извршиле кражба на 200 до 240 тони пченица. Според пријавеното, на тој начин била причинета материјална штета од околу 50.000 евра. За настанот бил известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани