Во заедничка акција на концесионерот ЈП "Стрежево" со Државната риболовна контрола на Македонскара риболовна федерација, поднесени се повеќе пријави за незаконски риболов на акумулацијата "Стрежево"
-Целта е обезбедување на ефикасна заштита, а контролата првенствено беше насочена кон спречување на рибокрадството (улов на маломерен крап), велат од ЈП "Стрежево".
Во координирана акција се фатени повеќе сторители на прекршочно дело - лов на риба под одредена големина, за кое согласно член 112 од Законот за рибарство и аквакултура е предвидена глоба од 500 до 1200 евра.
За овие прекршители се обезбедени цврсти и адекватни материјални докази кои ќе бидат употребени во натамошната постапка пред надлежните институции.
На лицата кои вршеа риболов спротивно на законските прописи им се одземени риболовните средства, опремата и уловената риба со соодветен записник.
-Апелираме до граѓаните да ги почитуваат правилата и обврските при вршењето на рекреативниот риболов на рекреативната зона “Aкумулација Стрежево“, апелира концесионерот