АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Владата јавно ги објави компаниите на кои им е исплатена државна помош за месец октомври за минимална плата, а тие не ги уплатиле средствата на своите вработени
.
Табелата што ја објави Владата со сите фирми кои добиле државна помош, а не исплатиле минимална плата е тука. (.pdf )
Како што вчера информираше директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска, за месец октомври 2020 поднесени се 13,819 барања, на 12,598 работодавачи е исплатено вкупно 961,613,984 денари, за вкупно 61,556 вработени.
Вкупно 179 работодавачи кои примиле финансиска поддршка за месец октомври 2020 во износ од 5.271.771 денари, не ја исполниле обврската за исплата на плата за 338 вработени.
На работодавачите кои користеле финансиска поддршка, а не извршиле исплата на плата доставени се опомени за неисплатена плата, по што следи спроведување на постапка на присилна наплата на платата. Согласно Закон за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот КОВИД-19, за месеците октомври, ноември и декември 2020 година во ваков случај предвидува изрекување на глоба за сторен прекршок во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност на микро правно лице, од 500 до 2.000 евра во денарска противвредност на мало правно лице, од 1.000 до 6.000 евра во денарска противвредност за средно правно лице и од 1.000 до 10.000 евра во денарска противвредност на големо правно лице.
По однос на компаниите кои не ја исплатија платата за месеците април, мај и јуни 2020 година, директорката информираше дека е спроведена присилна наплата заради неисплатена плата, а плата не исплатиле 55 работодавачи за месец април, 48 работодавачи за месец мај и 82 работодавачи за месец јуни. За овие работодавачи доставени се детални податоци во Јавното обвинителство, за покренување на кривична постапка.