2win800x200

Вандали ја исчкртале и уништеле новата фасада на МКЦ во Новаци, општината го осуди вандализмот

Декември 17, 2020
 
Во изминатите неколку месеци Младинскиот културен центар кој се наоѓа во населеното место Новаци, а е сопственост на Општина Новаци, е мета на вандализам со испишување на недолични графити и натписи со што директно е направена штета на фасадата од овој објект.
Општина Новаци упати јавна осуда до несовесните сторители кои во текот на вчерашниот ден и претходно во неколку наврати, извршија оштетување на фасадата од објектот во сопственост на општината.
-Целиот случај е пријавен кај надлежните институции со цел преземање на итни мерки за расчистување на случајот и соодветно санкционирање на сторителите.
Претходно, општина Новаци е сведок на низа други очајни потези за уништување на општинскиот имот и објекти,велат од општината.
Воедно, општина Новаци апелира до граѓаните за поголема морална свест, со цел да не се поттикнува било каков говор на омраза и уништување на објектите во општината и доколку имаат сознание за овој или било кој друг вандалски чин да пријават во СВР Битола –ПО Новаци или во општината.
-Без разлика дали на некому му смета развојот на општината, треба сите да бидеме одговорни и да го зачуваваме заедничкиот имот, затоа што сето она што се гради припаѓа на секој од нас, порачуваат од општина Новаци.
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани