Полициски Службеници од Одделението за крим полиција - отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Битола, заедно со Полициски Службеници од Полицискаа Станица од општа надлежност Битола, од лицето Н.Ш(57)од Битола со потврда за привремено одземени предмети се одземени вкупно 6939 парчиња разни видови петарди и пиротехнички средства.
Истиот е лишен од слобода и по целосно документирање на настанот следува соодветна пријава.