АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Јоргани, чаршафи, крпи, пижами и друга текстилна стока на големо биле распослани во ходникот на ОУ „Стив Наумов“ во Битола, пред очите на учениците, а купувале и разгледувале наставници. Ваква слика затекнале денеска околу 13 часот родители кога влегле во училиштето да си ги земат децата или да ги остават на часови. Според нивното кажување биле шокирани што дивиот пазар налик на оној на пазарџиите од Шутка се одвивал во нивното училиште.
Црвено комбе било паркирано токму пред влезот на училиштето. Отпочеток родителите си помислиле дека се работи за хуманитарна акција , но кога се распрашале кај некои од вработените им било кажано дека препродавачот дошол од Прилеп да им нуди текстилна стока на наставниците, па поради големиот интерес кај „купувачите“,тој буквално го растоварил целото комбе . Некои од родителите раскажуваат дека уште повеќе се револтирале кога и по два часа кога се вратиле на школо, дивиот препродавач се уште бил таму на располагање на заинтересираните со големите најлонски вреќи поставени во ходникот. Родители велат дека ова не е прв пат диви препродавачи да нудат текстил во училишта и градинки , по што инсистираат надлежните во воспитно образовните установи да стават крај на ваквиот циркус. Во текот на утрешниот ден ќе се обидеме да добиеме одговор и од директорот на ОУ„Стив Наумов“ зошто дозволил ваква ситуација.