АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На 28.03.2021 околу 16.00 часот на патот Битола – Граничен премин Меџитлија, кај крстосница од с.Бистрица и с.Оптичари, патничко моторно возило „рено меган“ со битолски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(34) од Битола, излетало од коловозот. На пат за Клиничка болница Битола возачот починал. По наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција, а увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.