Вандали исчкртале и испишале со спреј недолични содржи на новата дограма и фасадата на ООУ „Елпида Караманди“ во Битола. Само пред неколку дена од училиштето и општината информираа за новата инвестиција која се случи за прв пат по 4 децении, а веќе вандали ја уштетиле.
-Убава, нова дограма, променета после 41 година постоење на училиштето.
Недолично однесување и вандалски чин на малолетници кои се собираат во вечерните часови, за кои не важи полициски час.
Но пример добиваат од возрасните. Пред еден месец и фасадата беше "украсена" со графит на родител при земање на неговото дете од училиште кој не се согласува детето да носи маска на училиште иако учи со физичко присуство, реагираат од ООУ „Елпида Караманди“ Битола.