Казнети над 280 возачи кои возеле брзо, без возачка или под дејство на алкохол

Април 05, 2021
 
Од петокот до неделата, при засилени сообраќајни контроли на полицијата, на подрачјето на СВР Битола,  санкционирани се  над 280 возачи.
Од нив 218 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина, 26 возачи кои не поседувале возачка дозвола, четири возила со истечена регистрација, 14 возачи кои зборувале на мобилен телефон додека управувале возило, седум кои не користеле сигурносен појас, седум кои извршиле неправилно престигнување, а шест возачи управувале возило под дејство на алкохол и тие биле отстранети од сообраќај. За сите прекршоци биле издадени соодветни налози.
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани