АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
16 годишно девојче од Скопје прегазило 21 годишна битолчанка нанесувајќи и тешки телесни повреди. Потоа младата скопјанка удрила во две паркирани возила и канделабра.
Настанот се случил синоќа, на 1 мај, околу 21 часот кога во полиција било пријавено дека во автокампот Крани-Ресен патничко моторно возило “фолксваген“ со ресенски регистарски ознаки управувано од непознат возач удрило во пешакот А.К.(21) од Битола, како и во две паркирани возила и канделабра, по што го напуштилo местото на настанот.
Во незгодата А.К. се здобила со тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Ресен.
По превземени мерки утврден е идентитетот на возачот, станува збор за 16 годишнo девојче од Скопје, со кое бил извршен разговор во присуство на родител и претставници на Центарот за социјални работи Ресен и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.