АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Денес во атарот на село Снегово над битолската населба Баир во организирана акција на Шумската полиција разбиена е група дрвокрадци. Во акцијата се запленети 3 шпедитери натоварени со околу 3 м3 огревни дрва, и истите се предадени во ШПС Кајмакчалан Битола. За сторителите се поднесени соодветни пријави, информираат за апла.мк од Шумската полиција
Деновиве, исто така, на патниот правец село Норово кон село Житоше по претходно добиени оперативни сознанија во акција на крушевската Шумската полиција затекнато е комбе "Форд Транзит" со Крушевски регистарски таблички како бесправно превезува дабови и букови огревни дрва за кои сторителот на делото не поседувал соодветна документација. Комбето и предметните дрва се одземени а за сторителот е поднесена соодветна пријава.
Од Шумската полиција најавуваат дека продолжуваат нивните акции за спречување на бесправната сеча.