2win800x200

Компанијата на која и е одземна лиценцата за одгледување Канабис, работела незаконски, соопштија од Владата

Мај 26, 2021

Битолската фирма „Пхарма ЕУ ЛЛЦ“ со нејзината истоимена подружница од Прилеп, на која на вчерашната владина седнициа и беше укинато лиценцата за одгледување на канабис за медицински цели, работи спортивно на Законот за контрола на опојни дроги и супстанци, констатирала Комисијата при Министерството за здравство

 

Компанијата не обезбедувала функционален 24-часовен видео мониторинг во сите простории каде што се одгледувал канабисот и не вршела пакување и обележување на исушениот цвет согласно Законот, објасни валдиниот портпарол Душко Арсовски.

– Оваа комапнија извршила процес на мелење на сувиот цвет, кој не е соодветно пакувани и обележан, и оттаму е недостигот од 531,91 килограми на пријавен сув цвет по сите документи поднесени до Министерството за здравство и пронајдени на лице место во ова правно лице. Според него, сето ова, укажува на сторено казнено дело согласно Законот, а дополнитело компанијата не ги исполнувала ниту пропишаните услови на предвидена опрема и кадар, врз основа на кои се издаваат лиценците за работа, рече портпаролот Арсовски

Владата на вчерашната седница на предлог на Министерството за здравство ги разгледа и усвои Информацијата за укинување на Решението за давање на одобрение за одгледување на канабис за медицински цели на Друштвото за производство, трговија и услуги „Пхарма ЕУ ЛЛЦ“, увоз-извоз, ДООЕЛ Битола – Подружница „Пхарма ЕУ ЛЛЦ“- Прилеп и беше решено да престане важењето на одлуката за давање согласност на Решенијата за издавање одобрение за одгледување на канабис за медицински цели на оваа компанија.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани