АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Зачестија сообраќајките со велосипеди, мопеди и други превозни средства во кои учесници се малолетници. Билтените на СВР Битола се полнат со извештаи за сообраќајни незгоди во кои малолетниците се со полесни и потешки повреди. Од Битолската полиција апелираат до родителите да разговаат со своите деца и да ги предупредат за можните последици доколку не се почитуваат правилата во сообраќајот.
-Со оглед на затоплувањето на времето и зачестеното користење на велосипедите, велосипедите со мотор, мопеди, трицикли, четирицикли, пред се од страна на малолетници, а и последните случувања со сообраќајните незгоди во кои учесници се малолетни лица (секојдневно во билтен имаме по еден настан со малолетник учесник во незгода) апелираме пред се до родителите да проработи свеста со што се може да се соочи нивното дете во сообраќајот, со сите ризиците кои доаѓаат сами по себе доколку не се почитуваат препораките. Аплираме да се подигне свеста кај родителите и учесниците во сообраќајот, апелираат од СВР Битола.