2win800x200

Средба на Здружението на пензионери со Петровска

Јули 13, 2021

Градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска, оствари средба со раководството на Сојузот на пензионери Битола, претседателката Даница Петличкова и претседателот на Собранието Крсте Велевски.

На средбата беа прецизирани натамошните чекори на соработка, во насока на подобрување на условите за нивните членови. Наскоро, со финансиска поддршка од Општина Битола, пензионерите ќе добијат катчиња во рамките на просториите на четири урбани заедници, каде што ќе можат да се дружат и да го исполнуваат слободното време со различни активности.

Градоначалничката Петровска истакна дека Општина Битола и натаму преку годишните програми за работа ќе дава поддршката за пензионерите, во различни форми..

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани