Реката Драгор не беше на агендата за Денот на дрвото, но градските власти исто како да го пошумија. Негрижата за одржување на речното корито направи реката да наликува на Амазон.
Обрасната е со треви високи неколку метри и полна со смет. Лути односот на општината која и покрај новинарските прашања и критиките на граѓаните не одговори дали воопшто планира да ја исчисти реката.