АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Синоќа пред полноќ по претходно добиени оперативни сознанија, во заедничка и добро организирана акција на Шумската полиција од Крушево и полициската станица од Крушево на патниот правец од село Норово кон село Житоше, затекнато е комбе со прилепски регистарски таблички кое превезува нелегални огревни дрва.
Комбето и дрвата се одземени, а за сторителот на прекршокот следуваат соодветни пријави.
Од двете институции најавуваат зголемени контроли за нелегална сеча и транспорт на дрва, како и за пожари.