2win800x200

 

За 4 цм се зголеми водостојот на Преспанското Езеро за само една недела. Поради долгиот сушен период нивото на водата во езерото е загрижувачко, затоа што е  44 цм под апсолутниот минимум измерен во 2008 година.  Иако водостојот  е зголемен  за само 4 цм, врнежите се добредеојдени по долгиот сушен период.  

Општина Ресен објавува конкурс за двајца стручни соработници, едниот за физички и хемиски истражувања, а другиот за биолошки истражувања на Препанското Езеро. Врботувањата ќе бидат преку Агенција за вработување за ноември и декември 2020 гододина, со можност за продолжување на договорите, зависно од покажаните резултати.

 

Работата ќе се извршува во просториите на општина Ресен, во Мониторинг станицата за Преспанско Езеро во Стење и на терен во Споменикот на природата „Преспанско Езеро“ и Паркот на природа „Езерани“ и пошироко во сливот на Преспанско Езеро.

Стручните соработници ќе бидат ангажиран на  спроведување на програмата за мониторинг  на Преспанско Езеро и Паркот на природа Езерани во делот на истражувањата. Ќе вршат теренски мерења и земање на примероци за лабораториска анализа од Езерото и неговиот слив (два пати месечно, ноември и декември),  вршење на хемиски, физички и биолошки  анализи на земените примероци во лабораторија и подготовка на извештаи од извршените анализи, интерпретација на резултатите и споредба со резултатите од претходни анализи.

Како катаклизма да го има погодено Преспанското Езеро кај туристичката населба Претор. Покрај тоа што водата е многу повлечена, па наликува на мочуриште, викендов езерските води позеленија. Според локалното население се работи за алги кои во плиткиот дел на Езерото ја обоија водата, а се појавуваат поради нискиот водостој и загаденоста.

Состојбата со Преспанското Езеро е алармантна, намалувањето  на нивото има негативнио влијани врз кавлитетот на водата и живиот свет. Зголемена е појавата на алги,  намалена е видливоста, а поради  повлекувањето на езерото се поместуваат плодишта на рибите и фауната која живее во крајбрежниот дел.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани