АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Најчестите станари на Тумбе кафе, вервериците, се се попитоми со рекреативците и минувачите. Малите паметни животинки до долги бушави опашки и денеска слободно се движеа покрај патеките каде битолчани редовно рекреираат на ридот. Во потрага по храна вервериците кои живеат по парковите и градините одамна научиле дека човекот е извор на храна.
Битолчанец со раскрвавени рани на двете раце е пронајден синоќа под Тумбе кафе и итно пренесен во Скопје.
Несреќата се случила околу 21,50 часот кога во СВР- Битола е пријавено дека кај градското шеталиште под Тумбе кафе, има повредено лице.
Извршен е увид на местото на настанот при што е констатирано дека се работи за лицето З.Л.(67) од Битола.
На повредниот веднаш му е укажана лекарска помош од страна на Итна медицинска помош во Битола, при што било констатирано дека З.Л. ма обилно крварење од вените на двете раце, по што итно е пренесен во Скопје во комплексот клиники "Мајка Тереза" за лекарска помош.
Средовечен битолчанец, утрово околу 7 часот, починал при утринската прошетка на Тумбе кафе. Несреќата се случила во близина на скалите пред искачувањето на оваа рекреативна зона. Настанот ги вознемирил битолчани кои редовно секое утро рекреираат и се искачуваат на ридот.