Граѓанската иницијатива Зелен Баир во соработка со Center for European Development and Integration по четврт пат ја реализира акцијата за пошумување на ридот Баир над месноста Кркардаш. Во годинешната акција беа засадени 200 зимзелени садници од црн бор.
-Покровител и спонзор на четвртата акција за пошумување се BV Business Group кои како општествено одговорна групација на компании ja препознаа нашата заложба за ревитализација на зелениот појас над нашиот град и ни помогнаа во набавката на садниците и со својот тим се вклучија во реализација на акцијата за пошумување.
Во оваа акција како и изминатите години учество зедоа членовите на здруженијата кои се дел од Платформата ЗЕМИ ЗДИВ, велат од иницијативата Зелен Баир
Во претходните три акции на ЗЕЛЕН БАИР беа засадени повеќе од 400 зимзелени садници од кои дел успешно се адаптираа и веќе го зазеленуваат просторот.
-Оваа година беа пополнети празнините во веќе засадените леи и беше отворен нов појас во кој се засадени новите садници од црн бор. Заложбата на ентузијастите собрани околу иницијативата Зелен Баир е обнова на поранешната борова шума на ридот Баир која има функција на бели дробови на градот и создавање на уште еден простор за рекреација на битолчани. Преку овие пошумувања се обидуваме да создадеме нов зелен појас кој има за цел до доведе до подобрување на амбиенталниот воздух и да помогнеме во намалувањето на ефектите од климатските промени, велат иницијаторите.
Од Зелен Баир се заблагодарија на сите кои беа присутни и сите кои дадоа придонес за да се реализира акцијата