2win800x200

На голема радост на најмладите, во општина Битола, се работи на создавање нови детски катчиња за игра и рекреација. Завршени се работните активности во населбата Карпош, веќе се работи на новиот парк кај ОУ Климент Охридски, а идната недела планирано е да започне уредувањето на детскиот парк и во Долно Оризари. 

Проектот во вредност од 4.600.000 денари го реализира Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, со средства обезбедени од Бирото за рамномерен регионален развој.

slika2

 380415247 346151151101106 2525557566317591537 n

 

Детските реквизити и клупите поставени на улицата „Смилевски конгрес“ во населбата Довлеџик, се уништени од дивеењето на хулигани, а околните жители бараат надлежните да ги откријат сторителите и да ги казнат.

Ред се чека за тобоганите  во паркот за деца и лица со посебни потреби во Градскиот парк во Битола. Иако паркот се уште не е официјално промовиран сепак од најмали до тинејџери уживаат во забавата. Така беше и денеска претпладне. Новото катче за забава и рекреативни активности се реализира со средства од Министерството за локална самоуправа, заедно со Швајцарската развојна агенција, а по предлог  на Пелагонискиот плански регион.

76717451 740648709737843 362732880322887680 n

75588150 2547680612131749 6411425779585908736 n

76619856 503276583598482 4094836598988865536 n

А.Б

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани