2win800x200

Жителите на крушевското село Бучин се револтирани од несовесното однесување на нивните соселани кои постојано, на исто место, во близнина на куќите, создаваат диви депонии. Бучинци реагираат затоа што се загадува животната средина, се шири неподнослива реа, а децата играат и растата во такво опкружување и покрај природната убавина и чистиот воздух во нивното село. Во повеќе наврати пријавувале до надлежните институции, но, велат, нема резултати.

На првиот ден на пролетта во еколошки акции, битолските јавни претпријатија чистеа депонии во градот. Кревети, фотељи, телевизори, теписи, ќебиња и што уште не, можеше да се најде и во централното градско подрачје, но и во пооддалечените места.

Ќе упатам апел до сите граѓани од Битола да не фрлаат во населбата Баир оти има битолчанин кои доаѓаат во нашата населба, носат ѓубре и го фрлаат тука. Истовремено апелирам и до жителите на Бајрот да не ја загадуваат животната средина оти тука живееме, порача Самедин Канановски од Здружението на Ромите од Битола.

Месното население од битолскиот Баир, други битолчани, општинското раководство, членови на Советот, директори на јавните претрпијатија „Комуналец“, „Водовод“, „Нискоградба“, „Стрежево“и други вработани денес се вклучија во еко акцијата за чистење на диви депонии во Битола со што се одбележа Светскиот ден на чистењето. Се чистеше кај ободниот канал во населбата Баир и во село Брусник.

Градоначалничката Наташа Петровска порача дека никогаш никој не може доволно да исчисти ако останатите валкаат.

Неколку години,  додека трае изградбата на станбените згради во поранешната касарна во Битола, градежниот шут и ѓубрето се депонираше по ќошеви и места кои го нагрдуваат просторот, без притоа да се  води сметка за тоа колку ваквата слика им пречи на веќе вселените станари. Конечно после долго време  некои инвеститори  се досетија дека просторот покрај нивните новоизградени објекти не е место за диви депонии .image 0 02 04 a4186620e9bfa7cb09e34283b3f29e5b514410a9faaac3b3e486a434afa4ad94 V

Во строгиот центар на Битола, во стамбено-деловниот објект „Пелагонка 2 “и стамбениот комплекс „Стара болница“ се живее во опкружување од ѓубре и диви депонии во секој ќош, реагираат станари од  „Пелагонка 2“ . Наместо во контејнерите што се поставени непосредно до стамбениот објект, во близина на паркингот , несовесни битолчани сопственото ѓубре го расфрлаат  каде ќе им текне, само да се ослободат од него.

Страница 1 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани